ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ

Ве молиме внимателно да ги прочитате овие услови за користење пред да почнете да ја користите нашата Веб платформа, бидејќи тие ќе се применат со користењето на истата.

Општи услови за користење:

Овие општи услови важат за сите услуги обезбедени од страна ЏИСИКС Солушнс чие седиште е на Ул. „Рампо Лефката“ 13а, Скопје, Македонија, во рамките на платформата Возиме.

Тие Ви укажуваат на условите за користење со кои може да се употребува нашата Веб платформа www.vozime.mk, како гост или како регистриран корисник. Користењето на нашата Веб платформа вклучува пристап, пребарување или регистрација за користење на нашата веб платформа.

Со користење на Веб платформата www.vozime.mk, потврдувате дека сте согласни со условите за користење и дека се согласувате да ги почитувате.

Ако не се согласувате со овие услови за користење, не смеете да ја користите Веб платформата www.vozime.mk.

Дефинирани Услови

“ВозиМе" се однесува на ЏИСИКС Солушнс, компанијата која обезбедува услуги за споделено патување на оваа платформа како и за сите нејзини партнери, групи или партнерски компании.

“Услови” се однесува на основните услови за користење, заедно со политиката за приватност.

"Услови за плаќање" се однесува на цената на превозот одредена од страна на возачот, која треба да биде платена од патникот како придонес за покривање на трошоците за патувањето.

"Патник/Патници" се однесува на лицето/лицата кој/и се согласува/согласуваат да ја користи/користат услугата да патува/патуваат со возач до определена дестинација.

“Услови за патување” се однесува на условите опишани во секцијата Услови за патување.

“Споделено патување” претставува процес на обезбедување на споделени места во превозно сретство при транспорт до конкретна локација. Тоа е овозможено од страна на лице кое сака да го сподели својот превоз со други лица-патници при определени услови на плаќање.

"Услуга" се однесува на процес koj e обезбеден од страна на платформата за било кој корисник.

"Платформа" се однесува на веб сајтот: www.vozime.mk

“Патување" се однесува на било кое патување кое ги исполнува условите обезбедени преку платформата, од страна на возачот во согласност со патникот.

"Корисник" се однесува на патник, возач или друг корисник на платформата.

"Кориснички профил" се однесува на сметка која се креира на платформата и е создадена од страна на корисникот со цел да ги користи услугите на платформата.

“Возило” се однесува на превозното средство обезбедено од страна на возачот со цел да сподели превоз до определена дестинација.

Прифаќање на условите

Овие услови се применуваат за било какво користење на веб платформата. Со користење на оваа платформа, корисниците ги прифаќаат овие правила во целост, па дури и ако корисникот не создаде своја корисничка сметка.

Корисниците нема да имаат пристап до услугите доколку не се согласуваат со условите за користење на платформата во целост. Сите корисници се согласуваат да се придржуваат кон условите за користење со што прифаќаат дека нивните лични податоци може да се обработуваат во согласност со политиката за приватност.

Доколку корисникот не се согласи со условите за користење, ВозиМе го задржува правото да ја деактивира неговата корисничка сметка и да ги забрани услугите кон тој корисник без притоа да го извести.

Договорот за споделено патување се склучува помеѓу лицата кои се возачи и лицата кои патуваат -патниците. ВозиМе не претставува договорна страна, тоа е платформа за пронаоѓање на споделен превоз. Овие услови се наменети за да се создадат обврзувачки права и обврски помеѓу корисниците, во согласност со договорите.

Промената на условите, на Платформата и услугите

ВозиМе го задржува правото да ги измени условите во секое време. Освен тоа, ВозиМе го задржува правото да ги променува или дополнува услугите кои се извршуваат преку платформата, како и функционалноста и изгледот на платформата во било кое време без известување и без да сноси одговорност кон корисниците.

Секоја модификација на плаформата, услугите или условите за користење, ќе стапи во сила веднаш штом таквите промени ќе бидат објавени на веб сајтот.

Корисниците ќе мора да ги прифатат новите промени и дополнувања, доколку ги користат услугите на платформата. Откако ќе се објават на веб платформата, новите промени нема да се предмет за коментирање или дискусија.

Корисниците ќе мора да ги прифатат новите Услови за користење, доколку ги користат услугите на платформата. Промените нема да влијаат на било која резервација направена пред објавувањето на промените.

Користење на Услугата

Кориснички сметки и Точност на информациите

За да ги користи Услугите на платформата, секој корисник мора да креира корисничка сметка и да се согласи дека ќе обезбеди какви било лични информации побарани од ВозиМе. Поточно, корисниците ќе треба да го наведат нивното име, презиме, возраст, валиден телефонски број и е-мејл адреса. Користењето на платформата е ограничено само за лица над 18-годишна возраст за време на регистрацијата.

Корисниците се согласуваат и прифаќаат дека сите информации кои тие ги доставуваат на ВозиМе при поставување на нивната корисничка сметка и во секое друго време се вистинити, целосни и точни во секој поглед. Корисниците исто така се согласуваат дека секоја информација доставена до ВозиМе или испратени на местото во врска со било кое патување, возило или споделено патување се вистинити, точни и целосни.

ВозиМе нема да биде одговорен за било какви кориснички нерегуларности бидејќи сите информации се внесени од страна на корисникот (вклучувајќи и за избегнување на сомнеж за друг пристап), кои се нецелосни, неточни, погрешни или лажни.

Една од битните работи е тоа што корисниците се ограничени на една корисничка сметка по корисник. Ниедна корисничка сметка не смее да се креира под туѓо име или со цел да се претставувате како друго лице.

Секое прекршување на овие Услови ќе предизвика моментална суспензија на корисникот односно на корисничката сметка или може се добие ограничен пристап до дополнителни услуги.

Некомерцијална активност и статусот на ВозиМе

Услугата на платоформата е строго ограничена на онлајн платформа која ги поврзува возачите и патниците во приватните капацитети на возилото. Веб платформата и услугите може да се користат само за поврзување на возачите и патниците за споделување на патување, но не и за профит или во кој било комерцијален или професионален контекст.

Возачите не смеат да профитираат од секое патување. Услугата и Придонес на трошоците може да се користат само за намалување на трошоците на возачот и не може да се користат за генерирање на било каков профит за возачот. Возачот нема право да направи профит во зависност од висината на надоместоците на трошоците, типови на патувања понудени од страна на возачот, зачестеноста на патувања или од бројот на превезени патници. Ова важи за сите активности, постапки и услуги резервирани преку користење на платформата и сите дополнителни услуги или активности кои може да се договорат помеѓу возачот и патниците.

Возачот не смее да обезбеди дополнителни услуги за секој патник за заработка или добивка (и патникот не може да прифати или да побара било каква дополнителна услуга), вклучувајќи (но не ограничувајќи) испорака на пакет, време на чекање, дополнителни симнувања на недоговорени постојки и собирање дополнителни патници (освен договорените патници).

Сите патувања, збирни места и дестинации мора да се претходно договорени преку платформата. Возачите не можат да собираат патници од било која локација која не е претходно договорена со сопатниците преку платформата.

Корисниците се потсетуваат дека за користење на платформата во комерцијална или професионална насока може да го поништи договорот на возачот. Одговорността на ВозиМе е ограничена во согласност со овие услови, а особено ВозиМе не одговара во однос на секое прекршување на било кој договор или аранжман помеѓу корисниците или повреда од страна на корисникот на овие услови.. Тоа е оставено на корисниците, да бидат внимателни во селектирањето, дека услугите поврзани со споделено возење не се направени на комерцијална основа.

Статус на ВозиМе

Ниту ВозиМе ниту веб платформата нудат било какви транспортни услуги. Веб платформата е комуникациска платформа за корисниците да се поврзат едни со други. ВозиМе не се меша во патувањата, дестинациите или клиентите. Договорот за споделено возење е помеѓу возачот и совозачот. ВозиМе не е договорна страна на било каков договор или трансакција помеѓу корисниците, ниту пак е одговорна во однос на некое прашање кое се однесува на резервацијата помеѓу корисниците.

Секое прекршување на овие Услови ќе предизвикаат моментална суспензија на корисничката сметка на корисникот и органичување до пристапот со дополнителни услуги.

Видови на резервации и плаќање

ВозиМе нуди бесплатна услуга која им овозможува на корисниците да комуницираат меѓусебно и директно да организираат споделено патување со поставување на појдовна точка во согласност на условите за патување (вклучувајќи ја големината на багажот, дали пушењето е дозволено, дали се дозволени домашни миленици, дали може да се пушта музика во автомобилот и сл.)

Корисниците се согласни со услугата која ја нуди ВозиМе како платформа.

Во рамките на користењето на услугите на ВозиМе, возачите и патниците треба да бидат спремни на било какви измени во однос на промена на планот, промени во последната минута, откажување од страна на возачот или патникот или не-плаќање на придонес за трошоците. Одговорноста на возачот е да му наплати на патникот за време на споделеното патување.

Како што е предвидено во клаузулата - откажување на услугата, ВозиМе нема да ги исконтактира било која од засегнатите страни и нема да преземе чекори за да управува со резервацијата. Самата услуга за споделено патување е раководена исклучиво од возачите и патниците.

Ве молиме имајте во предвид дека ВозиМе го задржува правото за промена на било кој аспект на веб платформата или на своите услуги кои може да вклучуваат додавање на нови услуги (кои може да бараат доплатување) или повлекување на веќе постоечки услуги.

Откажување на услугата

ВозиМе може да им понуди на своите корисници откажување на услугата со цел да помогне во намалувањето на ризиците од откажување на патувањето или не-плаќање на придонес за трошоците. Сепак, во овие услови нема нешто што ќе му наложи на ВозиМе некаква одговорност за било каков проблем кој настанува за време на патувањето или договорот, освен задржување или плаќање за придонес на трошоците, како што е наведено подолу.

Откажување на услуга:
- Може да му дава право на возачот да добие надомест на штета во случај на откажување во последен момент од страна на патник ако подолу наведените услови се исполнети; или
- Може да се осигура дека споделените трошоци се примени од страна на возачот само кога услугата споделено патување е извршена од страна на возачот, ако се исполнети условите утврдени подолу.

ВозиМе го задржува правото да не им понуди услуга на поништување на патување или дел од истото по сопствено пронаоѓање.

Како да резервирате превоз за споделено патување

Возачот објавува детали на платформата за споделеното патување, наведувајќи датум и време на поаѓање и крајна дестинацијата, висината на надоместоците на трошоците за едно место и сите други релевантни услови за патување.

Патникот резервира едно или повеќе места во возилото за даденото патување исклучиво преку платформата.

Потоа ВозиМе ќе испрати е-маил за потврда до возачот и совозачот каде се потврдува резервацијата. Кога еднаш потврдата за резервација е испратена, резервацијата се комплетира и ќе се формира посебен обврзувачки договор за споделено патување кои се однесуваат на Квалификации за патување помеѓу возачот и совозачот. Почнувајќи од потврда за резервација, возачот и патникот се, исто така, обврзани со дополнителни финансиски одредби, заедно со условите за откажување на даденото патување.

Патникот има можност да резервира патување означено како Instant booking. Овој тип на објави не бараат од Возачот да ја потврди или одбие резервацијата. На овој начин веднаш по резервацијата Возачот и Патникот веднаш можат да стапат во комуникација и да се договорат за деталите. Сите понуди кои имаат можност за ваков тип на резервација се означени со знак “Instant booking”.

Резервацијата е лична за возачот и сопатникот. Идентитетот на возачот и на патникот мора да одговара на идентитетот кој го имаат поставено на платформата на ВозиМе. Корисникот има право да го откаже патувањето ако идентитетот на возачот и/или на патникот не соодвестува со оној даден на овој веб сајт.

Возачот се обврзува кон ВозиМе и патникот(патниците) за вршење на споделеното патување дека тој или таа го има објавено на платформата за да ги споделите со нив на договорениот датум, време и место. Возачот, исто така, се обврзува кон ВозиМе и патникот(патниците) да се осигура дека неговото или нејзиното возило има капацитет за седење како што има објавено на платформата и за кои места беа направени резервации.

Начин на плаќање за споделеното патување

Исплата на возачот за споделеното патување. Начинот на исплата и времето на исплата на сумата за користење на превозот објавен од страна на возачот, се извршува во договор помеѓу возачот и патникот. Во рамките на платформата на Возиме не постојат начини за плаќање на превоз за споделено патување.

Начин на плаќање кога понудата за патување е откажана

Возачот и сопатникот се согласуваат со условите кои се однесуваат на исплатата на враќање на пари на патникот или надоместок за возачот (без разлика дали во целост или делумно) во врска со откажувањето на договореното патување со потврда на резервацијата. Условите се наведени подолу:

- Кога откажувањето на договореното патување е предизвикано или се смета дека е предизвикано од страна на возачот под овие услови, патникот има право на целосна рефундација./p>

- Кога откажувањето на договореното патување е предизвикано или се смета дека е предизвикано од страна на сопатникот под овие услови:

- Доколку патникот откажува во временски рок над 24 часа пред договореното заминување, возачот нема да има право на надоместок.

- Доколку патникот откажува во временски рок помал од 24 часа пред договореното заминување, возачот има право на надоместок.

- Доколку патникот откажува пред договореното заминување и не се појави на договореното место во договореното време, возачот има право на надоместок.

Оние места кои стануваат достапни по откажувањето на патник под овие услови автоматски стануваат достапни за другите патници за онлајн резервации преку платформата.

Обврски за возачот и сопатникот

Обврски за возачот

Секој од возачите се обврзува и се согласува дека:

- ќе се појават на договореното место и време со специфираното возило;

- веднаш ќе ги известат сите патници за било каква промена на патувањето;

- ако возачот се одлучи за промена на некој аспект од патувањето, возачот се обврзува да ги контактира сите патници кои направиле резервации во однос на тоа патување и да добие согласност од сите патници да се направат промените.

- мора да го чека на патникот/ците на договореното место најмалку 30 минути од договореното време (иако, се очекува патникот да биде точен); и

- мора да ги почитуваат сите правила на патиштата и законите на земјата и да возат безбедно.

Обврски за сопатникот

Секој од сопатниците се обврзува и се согласува дека:

- ќе се појават на договореното место и време;

- веднаш ќе го известат возачот доколку треба да ја откажат резервацијата за патувањето;

- мора да го чека возачот на договореното место најмалку 30 минути од договореното време (иако, се очекува возачот да биде точен);

Доколку сопатникот или возачот не се согласуваат со било кој од овие услови или на кои било други услови ВозиМе го задржува правото да ги задржи информациите кои се однесуваат на прекршување, да објавуваат или да ги откријат овие информации за онлајн профилот на корисникот и да го суспендира или повлече пристапот на корисникот до страницата.

Осигурување

Возачот се согласува и обврзува да обезбеди патнично осигурување за патувањето кое е објавено на веб платформата Возиме. Возачот исто така се обрзува да има важечка возачка дозвола, да обезбеди документ дека возилото е регистрирано, да е сопственик или има дозвола за возење на возилото кое се користи за патувањето кое е објавено на веб платформата Возиме. Сопатникот има право во било кое време да побара од Возачот да му го покаже осигурувањето, возачката дозвола или документот за регистрација на возилото.

Возиме не гарантира нити пак зема одговорност доколку возачот ги нема обезбедено горе наведените документи. Возачот и сопатникот сами треба да потврдат меѓусебе дека возачот има важечко патничко осигурување. Возачот мора да потврди дека неговата или нејзината осигурителна полиса овозможува превоз на патници и дека полисата за осигурување ги покрива сите патници и секоја несреќа или инцидент што може да се случи за време на патувањето.

Возачот не може да профитира дополнително за време на патувањето, така што во рамките на цената на патувањето тој или таа мора да ги пресметаат сите трошоци (гориво, одржување, поправки, амортизација и осигурување на возилото) и да гарантира дека со превозот објавен преку веб платформата Возиме, нема да профитира дополнително.

Доколку возачот профитира дополнително, или доколку осигурителните компании не сакаат да ги покријат трошоците за загуби и штети поради било какви други причини, возачот ќе биде одговорен за финансиските последици, загуби и штети кои произлегуваат.

Веб платформата Возиме нема да биде одговорна за било какви загуби и штети настанати за време на патувањето.

Веб платформата Возиме го задржува правото да ја суспендира корисничката сметка на корисникот кој профитира дополнително или одбива да биде одговорен за горе наведените последици.

Управување со спорови помеѓу корисниците

Веб платформата ВозиМе не е обврзана да бара решавање на спорови помеѓу корисниците.

Верификација на телефонски број

Со цел да се зголеми довербата помеѓу корисниците, при регистрацијата секој корисник се задолжува да го верификува својот мобилен телефонски број. По регистрацијата на веб платформата корисникот има опција да го воведе својот телефонски број, на кој ќе добие СМС со четирицифрен код, кој треба да биде воведен во платформата.

Оваа услуга е бесплатна, само во случаи за можни трошоци наметнати од страна на мобилниот оператор на корисникот за добивање на СМС.

Одговорност

Веб платформата ВозиМе не е договорна страна во договор меѓу возачот и сопатникот и нема да биде одговорна, освен ако не се појави загуба или штета настанати заради небрежност од страна на ВозиМе.

ВозиМе ќе ги употреби своите разумни напори за да се обезбеди 24 часовна достапност на веб платформата, но повремено пристапот до веб платформата може да се ограничи во случаи на поправка, одржување или воведување на нови објекти или услуги.

Доколку забележите технички проблеми, ве молиме да не контактирате и ние ќе се потрудиме истите да ги решиме во најбрз можен рок.

ВозиМе не носи одговорност за штети и загуби кои настанале како резултат на:

- Неточни или нецелосни информации обезбедени од страна на корисникот;

- Отказ на патувањето од страна на возачот или сопатникот;

- Неплаќање на надоместот на трошоци за патувањето од страна на сопатникот,

- Измама, погрешно толкување или злоупотреба на должност или непочитување на било кој од овие услови од страна на возачот или совозачот пред, за време или по патувањето.

ВозиМе не носи одговорност кон било кој корисник или бизнис при директна или индиректна финансиска или економска штета, изгубени зделки, изгубен профит, загуба на предвидени заштеди или можности кои произлегле како резултат на извршените услуги од страна веб платформата ВозиМе.

Ништо во овој договор не ја органичува или исклучува одговорноста на ВозиМе во случај на смрт или лична повреда која произлегла како резултат на небрежност од страна на ВозиМе.

Општи услови

Суспендирање или повлекување на пристапот до платформата.
Во случај на непочитување на сите или некои од горе наведените услови, корисниците признаваат и прифаќаат дека ВозиМе може во секое време и без претходно известување да го прекине или суспендира, привремено или постојано пристапот на сите или дел од услугите на веб плаформата.

Интелектуална сопственост

ВозиМе ги почитува правата на интелектуална сопственост на други лица и очекува од своите корисници да го направат истото. Во соодветни случаи и по сопствено наоѓање, ВозиМе има право да ги деактивира и / или избрише корисничките сметки на корисниците кои ги прекршуваат или се обвинети за кршење на авторските права или други права на интелектуална сопственост на други.

Веб платформата ВозиМе или било кој дел од неа не смее да се репродуцира, дуплира да се копира и да се продава или препродава за комерцијални цели без претходна писмена согласност од ВозиМе.

Содржината на веб платформата е обезбедена од страна на корисникот

Со објавување на содржината на веб платформата ВозиМе, корисниците даваат дозвола на ВозиМе да ја прикажува таа содржина и да ја користи за други деловни намени.

Од корисниците на веб платформата Возиме се бара да не објавуваат никакви клевети, лажни или навредливи содржини или било какви содржини со кои ќе се прекршат правата на интелектуална сопственост на други лица. Доколку тоа се случи ВозиМе не превзема никаква одговорност и корисниците кои ќе објават таков тип на содржини ќе бидат сметани за одговорни.

Сепак во такви случаи ВозиМе ќе стори сé што може да отстрани таков тип на содржини во најбрз можен рок.

Конктактирајте не

За да не контактирате, Ве молиме пишете ни на contact@vozime.mk
Ви благодариме што ги користите услугите на ВозиМе.