Приватност

ВозиМе се грижи за Вашата приватност

ВозиМе е онлајн заедница која има една основна мисија. А тоа е да направи револуција во патничкиот транспорт во Македонија. Нашата цел е да ги поврзуваме возачите кои имаат слободни места во своите автомобили додека патуваат до некоја конкретна дестинација, со патниците на кои им е потребен превоз, овозможувајќи им да заштедат на трошоци и време, притоа грижејќи се за околината.

СОвој документ (заедно со нашите Услови за користење) служи како детално објаснување и информирање за тоа како ВозиМе, ЏиСикс Солушнс или нашите партнери ќе ги користиме Вашите лични податоци кои ги собираме кога Вие ja посетувате веб платформа vozime.mk. Ве молиме внимателно прочитајте ги следниве услови за да ги разберете нашите ставови и практики во врска со Вашите лични податоци.

Собирање и користење на податоци

Основната цел поради која собираме лични информации е да овозможиме подобри услуги.

Информации што ни ги давате.

За користење на услугите на нашата веб платформа е потребна регистрација. При регистрација од вас се бара да воведете име и презиме, дата на раѓање, пол, телефонски број и фотографија.

Информации што ги собираме за Вас.

Во однос на секоја од Вашите посети на www.vozime.mk може да собираме и информации како: ИП (интернет протокол) адреса, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативен систем на компјутерот, временската зона, јазикот, целосната патека на адресата(URL) што води до, преку и од нашата веб платформа (вклучувајќи датум и време); понуди што ги гледате или барате; бројот на навраќање на страната, снимени грешки, должината на посети на одредени страници и информации за интеракција на страната, кои автоматски се складираат од страна на серверот и алатките за аналитика во статистички бази, како и други дополнителни информации кои доброволно се испратени од ваша страна при користењето на услугите на ВозиМе.

Во некои конкретни ситуации, може да собираме и дополнителни информации за потребите на некоја промоција, но во таков случај за тоа ќе бидете дополнително информирани.

Колачиња

Нашиот веб портал користи „колачиња“ за да обезбедиме подобра оптимизација на нашите услуги и да Ви овозможиме што подобро искуство.

Колачиња (cookies) се податоци кои ги користат веб страните за да ги идентификуваат веб корисниците. Преку овие податоци веб страната може да го идентификува корисникот следниот пат кога ќе ја посети истата. Затоа не е потребно корисникот да се идентификува секогаш кога ке влезе на истата веб страна.

Повеќе информации за колачиња може да дознаете на : www.dzlp.mk/mk/cookies

ВозиМе може да користи и други технологии кои ќе служат за подобрување на онлајн искуството и кои ќе ги доработуваат претходно наведените податоци кои Вие ни ги давате преку Вашите посети.

Наша цел е да обезбедиме услови да ги заштитиме Вашите лични податоци, но со самото користење на нашата платфрома и нашите услуги Вие автоматски се согласувате дека ВозиМе и Џисикс Солушнс во никаков случај не превземаат било каква одговорност пред било која страна доколку тие бидат украде, ненамерно објавени или случајно изменети.

Во случаи на законска обврска или истражна постапка, Возиме и ЏиСикс Солушнс можат самоиницијативно и само со барање на судски налог да споделат информации кои мислат дека им се потребни на државните органи во врска со конкретната истражна постапка.

Промени на нашата политика на приватност

ВозиМе има право без никакво претходно известување да ја менува поликата за приваност затоа Ве молиме редовно да ја проверувате за да бидете информирани за новите промени и ажурирања.

Веб платформата на Возиме и услугите на Возиме не се наменети за лица под 18 години. Креирање на профил во рамките на платформата од страна на лице помало од 18 години не е препорачливо, а во некои случаи е забрането со закон. Доколку лице помало од 18 години сака да креира свој профил, тогаш е потреба согласност од родител/старател кој ќе ги конктактира администраторите на веб платформата ВозиМе и ќе гарантира дека секое користење на услугите од страна на малолетното лице ќе биде под негов надзор.

Контакт

Прашања, коментари и барања во врска со оваа Политика на приватност се добредојдени и Ве молиме контактирајте не на contact@vozime.mk.