Што е ВозиМе?

ВозиМе е бесплатна интернет платформа, односно место за огласување на слободните седишта за превоз. Се користи принципот на car sharing или споделување на патните трошоци,со што секој возач кој што патува од еден во друг град може да ги огласи празните/слободни места од неговиот автомобил, а патниците со иста крајна дестинација како возачот можат лесно и едноставно да стапат во контакт и да патуваат заедно.

Како се користи ВозиМе?

Дали имате слободни места во вашиот автомобил?

Зададете ја вашата почетна и крајна дестинација, изберете датум и време, колку Ви чини едно слободно седиште и изберете сопатник од заинтересираните кои ќе се пријават на Вашата понуда. Заинтересираните сопатници, ќе ве исконтактираат или преку веб-сервисот или на телефонскиот број кој ќе го наведете на вашиот профил.

Дали Ви треба превоз?

Со регистрација на платформата добивате детали околу идните патувања и контакт со возачите. Ваше е да го одберете она патување кое најмногу ви одговара. Резервирајте го вашето место со праќање на приватна порака на возачот или телефонски договорете ги деталите за вашето патување, заштедете и уживајте!

Зошто Возиме?

Со овој начин на превоз, ги избегнувате скапите и долги патувања, го избегнувате доцнењето на автобуските и железничките станици и влечењето на багаж до дома.

Делејќи превоз заштедувате на време и пари. Запознавате нови луѓе, патувате безбедно и со оној со кој што вие сакате, кога сакате! Нема фиксни термини, нема чекање редици за карти, чекирање и додатни трошоци. Брзо, ефтино и ефикасно.

Начин на плаќање

Цената ја одредува возачот, а деталите во врска со патувањето и плаќањето се договараат директно помеѓу возачот и патникот.

Приватност

Вие избирате кои информации ќе бидат видливи за корисниците на платформата. Вашите лични информации како име,презиме, телефонски број, возило итн., ќе можат да ги гледаат само регистрирани корисници.

Рејтинг и оценување

Секој возач или патник ќе може да биде оценет од своите сопатници преку платформата во рок од 48 часа по завршување на услугата.

Возачот или патникот ќе добие оценка од 1-5 на основа на неколку критериуми. Платформата исто така овозможува да се остави и коментар со дополнителни информации за целото патување.

Со тоа самите корисници меѓусебно си помагаат при изборот на нивниот следен возач или сопатник.