ВОЗИМЕ

ВозиМе е онлајн заедница која има една основна мисија, а тоа е да направи револуција во патничкиот транспорт во Македонија. Нашата цел е да ги поврземе возачите кои имаат слободни места во своите автомобили додека патуваат до некоја конкретна дестинација, со патници на кои им е потребен превоз, овозможувајќи им да заштедат на трошоци и време, притоа грижејќи се за околината.

Се користи принципот на car sharing или споделување на патните трошоци, со што секој возач кој што патува од еден во друг град може да ги огласи празните/слободни места од неговиот автомобил, а патниците со иста крајна дестинација како возачот можат лесно и едноставно да стапат во контакт и да патуваат заедно.

Со овој начин на превоз, ги избегнувате скапите и долги патувања, го избегнувате доцнењето на автобуските и железничките станици и влечењето на багаж до дома. Делејќи превоз заштедувате на време и пари. Запознавате нови луѓе, патувате безбедно и со оној со кој што вие сакате, кога сакате! Нема фиксни термини, нема чекање редици за карти, чекирање и додатни трошоци. Брзо, ефтино и ефикасно.

Бидете дел од нашата заедница